(ФОТО) Спенџарска: 2020 за мене беше волшебна! Во само една година ми се исполнија најголемите три желби

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која таа е во лежарно издание, односно носи пижами.

Таа во описот на фотографијата напиша:
„Ооооо Боже каква година…!!!
Ми требаше малку време да се средам и да се обидам да ја сумирам во неколку реченици,па затоа нема да должам многу и ќе се обидам да скратам 🤗
2020 беше далеку поразлична од сите претходни. Не очекувавме ваква година ама ете… преживеавме ☻ и без разлика дали го сакаме ние тоа или не, тешко дека ќе ја заборавиме.
Не би сакала да бидам скромна во овој пост и искрено сакам да кажам дека и покрај сите искушенија, 2020 за мене беше волшебна!!! Поубава не можеше!! Во само една година ми се исполнија најголемите три желби кои си ги посакував од мноооооогу одамна, а добив дури и многу повеќе! Еве само дел:

1. Добив виза за Америка, ги спакував куферите и заминав во градот на ангелите, LA ! Поминав две незаборавни недели во Калифорнија, земја која промени од корен некои мои ставови за животот и создаде во мене желба повторно да се вратам таму и да биде за мнооогу подолго (if you know what i mean 😉)
2. Го посетив Париз, беше втор на моната dream destinations листа, има феноменална екипа со мене, јадев и пиев во магични рандом мали локали на среде улица и искрено, морам да се вратам тука повторно, да изнајмам станче на последниот спрат од тие нивните преубави градби и да си поживеам барем месец дена 😄
3. Моооо, си купив станче!!! Во Скопје. Yeeee!!! Нова граба, топ локација каква што си замислував од мала. Поголем дел од парите кои ги заработив преку инста си ги вложив тука и здравје Боже при крајот на годината ќе се вселам. Премногу сум возбудена луѓе, горам од желба да си создадам свое катче.
– За време на карантин си запознав човек кој ме направи уште посреќна и со кој имаме опасно добри планови за во иднина ❤
– Прочитав мноооогу книги кои ми го дадоа клучот за успешно живеење и ме направија горда на себе и своите избори.
– Почнав да медитирам скоро секоја вечер (life changing!)
– Почнав да пишувам дневник и не ми се верува (сериозно) колку колку покреативен човек ме направи оваа навика.
– Сестра ми не израдува во веста дека ќе бидам тетка на уште едно девојче
– Работата на инстаграм порасна за 10000% 🤗 и ми донесе предобри договори со кои ќе ве изненадам за многу брзо 😊
Морам да скратам:
УШТЕ ПОСРЕЌНА 2021! ВЕ САКАМ!!!“, истакна Спенџарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e