(ФОТО) Сопругата на Меси го хипнотизираше Париз

Антонела Ракуцо е добропознато име и кај оние кои не ги интересира фудбалот премногу и спаѓа во најдобро облечените жени на светот.

На модната Недела во Париз пред неколку дена одржана беше ревијата на модната куќа „Louis Vuitton“ на која била претставена колекцијата на женска облека есен/зима 2023 година.

На овој настан присуствувале ѕвезди од светот на модата и шоубизнисот, а на ревијата присуствувала и Антонела (35), инфлуенсерка и сопруга на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

p

Поради тоа што веќе живеат во главниот град на Франција, каде нејзиниот сопруг настапува за ПСЖ, Антонела веќе присуствувала на неколку настани на модната Недела во Париз, а со изданието на ревијата на француската модна куќа сите ги оставила без здив.

Антонела за оваа прилика избрала да носи модерна верзија од малиот, црн фустан, а станува збор за модел со мини должина, без ракави и рамчиња.

Поради тоа што изрезите веќе три сезони се незаобиколив детаљ во колекцијата на водечките модни брендови, ниту госпоѓа Меси не им одолеала, па носела фустан којшто има кружни прорези над и под градите.

Благодарение на тоа, таа изгледала многу впечатливо во масата познати личности, а станува збор за фустан со А-крој којшто остава моќен впечаток.

Антонела овој стајлинг го заокружила со чизми до колена кои имаат стабилна блок-потпетица, како и чанта од брендот „Louis Vuitton“ наречена „Loop“ чија цена изнесува 2.400 евра.

Поради тоа што се определила за црна модна комбинација од глава до пети, сопругата на Меси можела да изгледа малку монотоно, но тоа го избегнала со изборот на детали.

Антонела претходно се занимавала со моделинг, а денес е популарна на социјалните мрежи, па на Инстаграм има над 34 милиони следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e