(ФОТО) Сензуална и природна – Ќерката на Џони Деп позира гола

Ќерката на познатиот пар, актерот Џони Деп и француската актерка и модел Ванеса Паради, Лили Роуз-Деп (23) тргна по стапките на своите родители и полека станува дел од светската кинематографијата.


Оваа година таа се приклучи на драмската серија на „HBO“, „Идол“, која веќе го ангажираше Абел Тесфаје, како еден од најпопуларните пејачи на денешницата. Серијата ќе претставува прв телевизиски проект за Лили, а по тој повод таа објави серија провокативни фотографии снимени од камерата на Карим Садли за магазинот „I-D“.


А, еве што изјави Лили на интервјуто за магазинот „Ај-Ди“ во врска со нејзиното растење како дете на славниот пар:

– Сакам да им се заблагодарам на моите родители за можноста да растам колку-толку нормално. Колку повеќе созревав, толку повеќе го чувствував товарот на славата. Нападите на анксиозност и параноја беа неизбежни, бидејќи папараците секогаш ни беа зад петици… Не сум родена за медиумите да ме изедат жива. Давам сè од себе да изградам име во светот на актерството, можеби тоа што сум дете на познати родители е почетна точка, но никогаш не можете да успеете доколку сами не се изборите за своето место под сонцето. Кога ги правев овие фотографии, конечно се почувствував смирено и ослободено – искрена беше Лили, која откри дека редовно консумира марихуана, но само во својата соба за случајно да не биде забележана во опиена состојба и тоа да биде искористено против нејзината кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e