(ФОТО) „Претерав со силиконите, па едната града ми експлодира“

Манекенка признала дека потрошила дури 90.900 евра на пластични операции, поточно на бразилско кревање на задникот, операција на градите, хијалурон во усните, операција на носот …

Манекенката Мари Магдалене од Торонто секој ден ги шокира своите фанови на Инстаграм со својот изглед. Иако од глава до пети правела пластични операции, тоа што најмногу влегува во очи се нејзините гради со големина 38 J.


Оваа 30-годишна жена на Инстаграм ја следат 88.000 луѓе, а многумина го коментираат нејзиното облекување и ненормално големите гради и задник.

Мари не крие дека го сака својот екстремен изглед, бидејќи освен што минала низ многу операции, целата е истетовирана. Исто така, неодамна била на операција откако еден од имплантите и експлодирал во градите, па едно време имала само една града.

Иако после тој настан рекла дека сака да ги врати природните гради, изгледа дека останала при истата големина.

Ова ги збунило нејзините фанови, а еден во коментарите ја прашал: „Дали е ова стара слика? Или сепак одлучи да ставиш огромни импланти?“

Мари на фановите им објаснила дека имплантот и експлодирал на почетокот на февруари.


„Еј луѓе, ова е сега мојата града. Имплантот ми експлодира – повторно. Одам на операција да ги отстранам овие големи гради следната недела. Ќе се вратам на природните гради“, рекла таа.

Манекенка признала дека потрошила дури 90.900 евра на пластични операции, поточно на бразилско кревање на задникот, операција на градите, хијалурон во усните, операција на носот …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e