(ФОТО) По Лила и Тамара Тодевска на гости во „Преспав“

Третата сезона на „Преспав“ донесе неколку познати естрадни гости.

Пред неколку епизоди гостинка им беше Лила Стојановска, а сега на рецепцијата кај Талат се пријави и Тамара Тодевска во улога на пејачката Косара.

49263616_1915100071935865_2874745615508570112_n

Имено, преспанци организираа свадбена забава за млада двојка од Скопје кои сакаа во пансионот да направат мала свадбена забава, а како пејачка ја имаа Косара односно Тамара.

Инаку, епизодата е снимена во периодот кога Тамара беше бремена со Дарен, па сценаристите ја поврзаа приказната со тоа што на Косара наводно и пукна воденикот, па замина да се пораѓа во Ресен и не успеа да пее на свадбата.

49946918_2185609868358470_2108965225943269376_n

За ова актерско искуство Тамра се пофали и на совијалните мрежи, каде објави неколку фотографии од епизодата.
Како изгледаше погледнете на фотографиите и секако селфито со Јелена од Драчево и Талат од Џепчиште.

49206690_1478175105652298_6496660771374628864_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e