(ФОТО) Парис Хилтон сподели фотографии од своето прво чедо

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум ги споделија првите семејни фотографии со нивниот син Феникс, кој се роди преку сурогат минатиот месец.

Двојката се венча во ноември 2021 година по повеќе од две години врска и сега ужива во проширувањето на своето семејство бидејќи неодамна добија наследник.

Парис Хилтон роди син на 42 години и откри дека веќе има уште „седум“ ембриони со надеж дека ќе има уште деца, пишува Дејли мејл.
Парис во едно интервју објаснила дека одлучила да стане сурогат мајка затоа што секогаш се плашела од породување, а јајцата ги замрзнала по совет на нејзината пријателка Ким Кардашијан.

Хилтон откри дека планирала да има деца уште пред да го запознае сегашниот партнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e