(ФОТО) Моето совршено бебе – Ријана со семеен портрет за „Вог“

После нејзиниот настап за кој сè уште се зборува за Супер Боул, Ријана за прв пат официјално го покажа деветмесечниот син со раперот Асап Роки, а обожавателите се во екстаза.

Ријана и нејзиното семејство ја красат насловната страница на британскиот Вог за март, а во интервјуто зборуваше за одлуката да настапи на Супер Боул по долгиот бојкот, мајчинството и новата музика.


На насловната страна, 35-годишната пејачка се држи за рака со раперот, кој го носи нивниот син во раце, бакнувајќи го во образ. Ова е прв пат Ријана да сподели фотографии од нејзиниот син, кој го роди во мај 2022 година.

Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од снимањето, пишувајќи „моето совршено бебе“ покрај нив, а воодушевените обожаватели коментираа дека изгледаат како совршено семејство.

„Не се сеќавате на вашиот живот претходно, тоа е најлудото нешто“, изјави Ријана во едно интервју. Да потсетиме, пејачката одби јавно да го покаже синот, но во декември минатата година на својот Tik Tok профил објави видео со бебето кое собра седум милиони лајкови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e