(ФОТО) Мила Јовович стана мајка по трет пат, повторно ќеркичка!

Холивудската актерка Мила Јовович го роди своето трето дете во својата 45-та година. Само еден ден претходно на Инстаграм напиша дека е многу нервозна.

– Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе ми биде со ќеркичката. Посакајте ми среќа, напиша актерката.

Третата ќеркичка синоќа пристигна на свет. Мила е во брак со режисерот Пол В.С. Андерсон (54), а веќе имаат две девојчиња.

Ѕвездата од филмовите „The Fifth Element“ и „Resident Evil“ открила дека пред две години имала спонтан абортус.

– Она што го доживеав, на никого не би му го посакала. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуствa кое некогаш сум го доживеала, се присети тогаш Мила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e