(ФОТО) Меган Маркл го покажа синот Арчи

Навистина се променил, напишаа следбениците на социјалните мрежи кои по долго време го видоа Арчи, синот на војвотката и војводата од Сасекс, Меган Маркл и Хари. Момчето на почетокот на мај ќе наполни четири години, а поради новата фотографија стана ѕвезда на социјалните мрежи.

„Имав чувство дека го кријат, но мило ми е што имавме можност да го видиме“, истакнале обожавателите на ова „одбегнато“ кралско семејство. Арчи им се придружи на Меган и нејзината мајка Дорија Рагланд на видео повик, а скриншотот набрзо се рашири на интернет.

11

Тие разговараа со Јотака Еди, извршен директор на консултантската фирма за социјално влијание Full Circle Strategies, истакнува The Sun.

Покрај Арчи, Хари и Меган ја добија и ќерка Лилибет Дајана во јуни 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e