Меѓу позната ТВ водителка и инфлуенсерка на социјалните мрежи Лила Филиповска и Љупка Миторва исто така инфлуенсерка, има нешто кое ги спојува двете.
На одржаните „Стори“ награди каде се собра македонската естрада и уште многу други јавни личности, се појави и Лила која освои награда за инфлуенсер на годината.
Лила на себе имаше транспарентен фустан од реси направении од нижана монистра и длабоко деколте. Фустанот е креација на модната куќа „Елена Лука“ со која Лила соработува долго време.
Струмичанката пак, Љупка, не беше на овие награди, па реши да им одговара на своите фанови прашања на Инстаграм, кои беа поврзани токму со тоа зошто не била таму и дали Лила ја копира со фустанот.
Инаку, Љупка носеше сличен фустан на новогодишната ноќ кој вели дека е нејзина креација, но и е доста поразличен од оној што во понеделникот го носеше Лила.
Љупка не сакаше да одговори кој кого копира, па само им возврати „не сум во тек“.
Очигледно никој никого не копира, туку овие модели на фустани со реси од монистра се „ин “ од поодамна, а во случајот и двата се тотално различни.