(ФОТО) Ким Крдашијан е ново заштитно лице на „Долче и Габана“

Луксузниот моден бренд „Долче и Габана“ ја претстави Ким Кардашијан како заштитно лице на својата нова рекламна кампања пролет/лето 2023 година со црно-бели фотографии на кои таа носи парчиња од женската колекција.

Кампањата е снимена во италијанска вила од фотографското дуо Мерт Алаш и Маркус Пиге, според објавата на Ким Кардашијан на Инстаграм.

Според соопштението за печатот, облеката и деталите што Кардашијан ги носи на фотографиите „се уникатна реинтерпретација на архивата на „Долче и Габана“ од 1990-тите и 2000-тите, со истите култни облеки што често ја инспирирале Ким во текот на нејзиниот живот и кариера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e