Ирена Спасовска не престанува да ги воодушевува своите верни обожаватели, а овој пат им приреди вистинско изненадување со фотографија на која позира како од мајка родена.
Откако претходно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија на која во преден план ги исфрли своето деколте и новата тетоважа на нејзината рака, Ирена Спасовска реши да отиде и еден чекор понатаму.
Имено, на фотографијата познатата фолк-пејачка го соблече градникот и само со раката ги покри облините, а во коментарите напиша:
„Некои жени стареат како кондури, а некои како вино. Happy birthday to me“
Инаку, познатата фолк-пејачка и неодамна со нејзините провокативни фотографии на кои позираше во костими за капење предизвика лавина од коментари.
И додека нејзините обожаватели будно ја следат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, други ја критикуваат што објавува фотографии во костими за капење, па дури и затоа што се тетовирала. И тоа е во ред, но се си има свои граници, а како што вели и самата Ирена, „на плажа се оди во костим за капење, а не во чизми и закопчана до грло!“.