(ФОТО) Хајди Клум позира „ко од мајка родена“

Без разлика дали имате 29 или 49 години, многумина од нас би рекле дека навистина не е важно, важно е како се чувствувате. Па, додека некои од нас само го кажуваат тоа, други директно го покажуваат. И иако во општеството е прифатено кога ќе се венчате да престанете да прикачувате провокативни фотографии, Хајди Клум дефинитивно не попушта на ваквите предлози. Тоа и самата го докажа откако на Инстаграм сподели уште една секси фотографија на која позира целосно гола.

„Врати се во кревет драги“, напиша таа до провокативната црно-бела снимка, на која се гледа како лежи на кревет, а градите ѝ се притиснати.

Иако на судијката од „America’s Got Talent“ и е удобно пред камера, таа ја исклучи функцијата за коментари на објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e