Нашата позната пејачка Татијана Стефановска секое лето како по правило ги радува фановите со фотосесија во костим за капење.
За добар старт на ова годишно време фолк пејачката се реши за фотосесија во студио, наместо во природа на отворено каков што беше случајот минатата година.
Зад објективот овој пат застана фотографот Томе Табанов, а Татијана позира во едноделен костим за капење.
Инаку, пејачката периодов работи на нова песна,а наскоро ќе сними и видео за истата, па промоцијата се очекува да се случи кон почетокот на идниот месец.
Стефановска вели дека летово има полна агенда со настапи, а можеби ќе најде многу малку време и за летен одмор.
Фото: Томе Табанов