На неодамна одржаниот боди билдинг натпревар за шампион на Македонија во категоријата „Miss Wellness“ победник е Мери Акиевска.
Мери има 20 години и почнала да се занимава со овој спорт пред 2 години.
Купот на Македонија е второто нејзино натпреварување каде што во категоријата „Wellness јуниори“ освои прво место. Во 2017 го имала и првото натпреварување на европско ниво во Унгарија од каде се врати со освоено трето место во категорија фитнес бикини.
Мери е и фитнес инструкторка во најдобриот фитнес центар во Македонија Sky Wellness. По потекло од Крива Паланка.