И покрај што Душко Тошиќ вчера објави заедничка фотографија на Инстаграм со Карлеуша, српските медиуми и понатаму пишуваат дека парот ќе се разведе, а денес излегоа и со информација што ќе добие пејачката од имотот после разделбата.Имено, за куќата од 2,5 милиони евра, која ја купи, како и за 350.000 евра, кои во моментов ги има на сметка, спортистот нема да се бори и има намера да им ги остави на Јелена и децата.
Како што тврди извор близок на Тошиќ, фудбалерот ќе даде се од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна и ја купи на Карлеуша.