Сека Алексиќ денес живее луксузен живот, но порано не било така. Детството го поминала во беда, откако за време на војната избегала од Зворник во селото Липолист крај Шабац.
Нејзините поранешни соседи за пејачката, која буквално се издигнала од кал и со сопствен труд го стекнала сето тоа што го има денес, имаат само пофални зборови за неа.
Според изјавите на повозрасните жители, мајката на Сека, Иброма, многу се мачела одгледувајќи ги пејачката и нејзиниот брат. Често се селеле поради немаштијата, а најдолго се задржале во една мала и трошна куќичка.
Сека прво живееше во една соба во училишниот двор, која веќе ја нема. Таму немаше ни веце-школка, ни шпорет, а спиеше на штици. Се бањаше во корито. Често беше и гладна. Потоа се преселија во дворот на мојот сосед, а потоа во трошната куќарка – открил еден постар човек за „Курир.рс“, покажувајќи ја куќата во која израснала Сека.
Немала пари, но секогаш била добро расположена.
Сите ја сакаа. Беше добра ученичка и секогаш сакаше да пее. На сите ни е драго што успеа во животот. Заслужи се’ најдобро, бидејќи мајка и’ многу се измачи во животот со децата и со мажот, кој сакаше да пие. Нејзиниот покоен татко Милорад се отсели во Лозница – вели изворот, а пренесува „Курир.рс“.