(ФОТО) Адел се вери, свадбата ќе биде летово

Пејачката Адел се вери со момчето Рич Пол, пренесува Mirror.

Двојката оваа година планира летна венчавка, а нивната свршувачка доаѓа две години откако ја објавија врската.

Адел беше видена како носи огромен дијамантски прстен на нејзиното последно шоу во Лас Вегас за време на викендот, што дополнително ги подгреа шпекулациите.

Веста за свршувачката првпат ја објави веб-страницата Deux Moi, која тврди дека информацијата доаѓа од сигурен извор близок до парот.

Адел и Рич последен пат беа видени на Супер Боул претходно овој месец. Минатиот мај Адел потврди дека таа и Рич се вселиле заедно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e