Сигурно се сеќавате на периодот кога Ким Кардашијан го „сруши“ интернетот. Старлетата во ноември 2014-та година, на насловната страница на магазинот „Peper“, го покажала задникот во целосно голо издание, а таа фотографија го обиколи светот во рекорден рок.
Сега истото го направила и нејзината постара сестра Кортни.
39-годишната мајка на три деца, воедно и најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер е ѕвезда на новата насловна страница на мексиканското издание на магазинот „GQ“, за кое позирала само во црна ролка, без панталони и долен веш, и им заврела грб на камерите.
„Сакам да бидам гола и не се срамам од сопственото тело“, признала Кортни во интервјуто за магазинот, а во внатрешноста на магазинот се наоѓаат и топлес фотографиите.