Емотивна порака на Швајнштајгер за роденденот на Ана Ивановиќ

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ денеска го прославува својот 32-ри роденден. По тој повод, нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер објави емотивна честитка на својот профил на Инстаграм.

„Среќен роденден на најпрекрасната сопруга и мајка. Имавме прекрасна година и се радувам на сите следни со тебе и нашето семејство“, напиша Швајнштајгер на инстаграм-профилот.

Ана и Бастијан се заедно од 2014 година, а се венчаа во Венеција во 2016. Свадбата се одржа во хотелот Аман Канал Гранде, во кој ноќевање чини околу 5000 евра. Во истиот хотел се венчаа и Џорџ Клуни и Амал Аламудин.

Популарниот пар има два сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e