Емина раскажа за бедното детство кога била желна за домати и чоколада

Српската пејачка Емина Јаховиќ во интервју за српските медиуми зборувала за своето тешко детство. Кантавторката која по образование е економистка, нагласила дека не живеела удобно отсекогаш.

Моите родители немаа наследство и живееја просечен живот како почитувани лекари. Се сеќавам кога, повеќе или помалку, сите луѓе во Белград живееја тешко. Имаше моменти кога и доматот ни беше луксуз. Гледав како некои деца во соседството јадат киндер-јајце или чоколада која пука во устата. Сето тоа ми беше недостижно. Во време на превирања и војни, мајка ми ставаше млеко и јогурт во ладилникот кои не смеевме да ги земеме, ги чувавме за црни денови. Гардеробата што ја носев како девојче најчесто беше истата што претходно ја носела мојата постара сестра. Затоа сега кога имам, никогаш не се расфрлам. Сакам да купам, но само тоа што ќе го носам. Немам хирови, раскажала Емина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e