Елена Велеска ја вмешаа во политика – Дури кога ќе сме во гроб како Тоше, дури тогаш им чиниш

Македонската дијаспора од Австралија деновиве масовно повикува на бојкот на концертите на Елена Велевска закажани за мај и јуни. На „Фејсбук“ страницата „Македонска коалиција“, повторно се споделува видеото од едно нејзино гостување на бугарската телевизија „Пајнер“ направено пред две години.

За Елена Велеска „Јовано, Јованке“ и „Кажи облаче ли бело“ се бугарски хитови, пишуваат тие повикувајќи на бојкот.

Видеото, кое беше поставено вчера на страницата, веќе е прегледано повеќе од 18.000 пати, а многу од иселените Македонци не штедат на навредите кон македонската фолк пејачка.


Симтоматично, повторното споделување на ова видео, доаѓа токму пред австралиската турнеја на пејачката, која веќе се извини за видеото, иако, како што вели, нема зошто да се извинува зошто таа изјава е извадена од контекст.

Јас кажав и пред две години дека таму зборувам за тоа дека и бугарските пејачи ги пеат нашите песни во Австралија. Во интервјуто зборувам и на македонски јазик, но тоа никој не го коментира, вели Елена Велевска за „Република“.

Иако видеото се шири на социјалните мрежи, пејачката смета дека нема како ни зошто да реагира и дека не сака да наседнува на вакви провокации. Велевска вели дека знае кој е одговорен за ваквите манипулации. Се работи за австралиски менаџер со кого на тогашната и на оваа турнеја Велевска одбила да соработува.

-Јас имам одредени критериуми, но тој не ги исполнуваше и затоа концертите ги организира друг. Нека шеруваат, нека прават што сакаат. И тогаш имав одлична турнеја, и сега кој сака, ќе дојде на концертите. Може колку сакаат да го споделуваат тоа видео и сега и по две и по десет години, нека ми прават реклама. Јас не планирам да реагирам, ни кажа таа во телефонскиот разговор.

Велевска вели дека токму ова ќе нè докрајчи нас Македонците.

Не се цениме! Дури кога ќе сме во гроб како Тоше, дури тогаш им чиниш. Јас ја пеев „Македонско девојче“ на среде Софија, никој тоа не го кажува. Пеам на сите јазици, тоа не ме менува, јас сум Македонка, додава таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e