Џон Траволта воодушеви со изведба на култниот танц од „Ефтини приказни“

За многумина денес една од првите асоцијации на култниот филм од 1994 година, во режија на Квентин Тарантино, е танцот на главните актери Џон Траволта и Ума Турман. Славниот актер, гостувајќи во едно италијанско шоу, повторно го “оживеа“ ликот на Винсент Вега и заигра среде студио.
Гостувајќи во италијанското шоу „Che Temo Che Fa“ 65 годишниот актер Џон Траволта пред телевизиската публика се присети на некои од своите најголеми филмови особено во оние во кои покажа танцувачки способности.
Но ниту еден не предизвика толку внимание како танцот кој Траволта го изведе со 54 годишната италијанска актерка Лучијана Литизето.
Имено разговорот за неговата кариера не можеше да помине без спомнување на „Ефтини приказни“ за што на сцена му се приклучи актерката, која за да ја долови Ума Турман, стави и црна перика.
Од режија ја пуштија легендарната песна „I Want To Dance“ од филмот, а Лучијана почна малку срамежливо да игра како Ума, кога ѝ се придружи Џон и ги воодушеви сите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e