Џенифер Лоренс го носеше најскапиот фустан во историјата на Оскарите

Секоја година на овие престижни награди познатите дами шетаат на црвениот тепих во луксузни креации од познати дизајнери. Некои од фустаните останаа запаметени и години откако актерките ги носеа.

Долгата, гламурозна тоалета што ја носеше Џенифер Лоренс на Оскарите во 2013 година е најскапата тоалета од церемонијата на доделувањето награди. Фустанот го дизајнираше Раф Симонс за високата мода на Кристијан Диор, а Лоренс еднаш откри дека го пробала само утрото на доделувањето на наградите да види дали ѝ стои. Цената на овој фустан е 4 милиони долари, пишува Page Six.

jj

Еден од поскапите фустани од престижната церемонија на доделување е оној што го носеше Никол Кидман во 1997 година. Цената на овој фустан се проценува на 2 милиони долари, а е изработен од Christian Dior Haute Couture. Креацијата што Кидман ја носеше на наградите таа година сега се смета за еден од најлегендарните фустани што некогаш биле носени на Оскарите.

Оној што го носеше актерката Кејт Бланшет во 2007 година е исто така меѓу најскапите фустани од Оскарите. Џорџо Армани работеше на овој фустан неколку недели бидејќи сите кристали Сваровски на него се сошиени рачно. Неговата цена е 200.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e