Џенифер Лопез обвинета за кражба од 6,5 милиони долари

Популарната актерка и пејачка Џенифер Лопез е обвинета за кражба, а од неа како оштета се бараат дури 6,5 милиони долари.

Имено, Џенифер заедно со продукцијата на шоуто “World od dance” е тужена од страна на учесникот Елвин Греј Ели дека ја украла идејата, па ја претворила во свој проект.

Натпреварувачот бара од Лопез шет ипол милиони долари оштета поради кражба на идеја од шоуто.

Како што пренесуваат странските медиуми, тој тврди дека идејата и ја пратил на Деби Ален уште во 2009 година, но никогаш не му одговорила, а кога година дена подоцна сакал да го патентира своето шоу, му било кажано дека сличен проект веќе развиваат NBC и Џенифер Лопез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e