Душко на Јелена и нуди 2,5 милиони само „да му се откачи“

Душко Тошиќ е подготвен да исполни скоро се само што побрзо да се разведе од Јелена Карлеуша.

Луксузната вила на Дедиње, вредна 2,5 милиони евра, ќе припадне на пејачката и нивните деца Атина и Ника, а исто така месечно ќе добиваат повеќе од пристојна алиментација во износ од 3.000 евра. Единствено што Душко очекува од се уште актуелната сопруга е да не го одложува потпишување на спогодбениот развод, пишува српски Курир.

Сето ова е предлог на фудбалерот од бракоразводното барање кое одамна е стигнато на домашната адреса на Јелена. Таа за тоа се уште не се изјаснила, барем не писмено, но како што стојат работите, нема да има многу простор да се двоуми.

Душко сигурно нема да се откаже од развод. За него овој период е многу мачен и стресен и затоа сака што побрзо да се заврши. Свесен е дека ќерките не смеат да трпат и тој тоа никогаш не би го дозволил. Затоа посебно внимание повсетил на нивната иднина, која ќе биде максимално осигурена. Според предлогот на Душко, тој на Јелена ќе и дава по 3.000 евра месечно на име алиментација, а освен тоа ќе ги сноси и останатите трошоци за потребите на Ника и Атина. Тука се вклучени трошоците за школување, летување, зимување, а подоцна и трошоците за факлутет – рекол извор близок на фудбалерот.

Што се однеува до поделба на имотот, Тошиќ ни таму нема да прави проблем. Се што се води на името на Јелена ќе остане нејзино и после разводот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e