Дарко Лазиќ и постави услов за развод на Ана Севиќ – Ќе и го земе пола станот

Иако луксузниот стан во регионот „Филмски град“ вреден 200 000 евра планираше, по разводот, да и го остави на сеуште законската сопруга Ана Севиќ, очигледно Дарко Лазиќ е приморан да го промени планот. Поради лошата финансиска состојба и трошоците околу лечењето пејачот ќе бара еднаква поделба на имотот стекнат во бракот.

Откако по страшната сообраќајна несреќа заврши во болница откриено беше дека Лазиќ нема покриено здравствено осигурување и дека речиси и да нема заштеда, пренесува српски Курир. Со оглед дека по напуштањето на болницата го чека долго опоравување во домашни услови пејачот ќе биде приморан да го продаде станот и сумата да ја подели со Ана Севиќ на два еднакви дела.

„Откако се разделија Дарко се пресели во Брестач кај своите, а на Ана и заедничката ќерка Лорена им го остави станот. Во прашање е дуплекс од 150 метри квадратни, навистина комфорен и луксузно опремен, а неговата вредност се проценува на околу 200 000 евра. Дарко сакаше по разводот станот да и го подари на Ана, но со оглед на околностите, тоа нема да се случи. Тој мора да го плати болничкото лекување, има некои долгови, а и лечењето ќе го чини скапо, бројни терапии, физиотерапевти и бањи. Притоа куќата во Брестач не е комплетно завршена, со оглед дека од неодамна таму живее и неговата вереница Марина со која планира семејство ќе мора да го забрза разводот.“ – раскажува извор близок до Лазиќ кој додава дека по долго размисување Дарко се одлучил на овој чекор.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e