Дали принцот Хари ќе ја изгуби американската виза поради употреба на дроги?

Признанието на принцот Хари дека користел дрога во минатото може да ја загрози неговата американска виза, тврди американскиот адвокат и поранешен федерален обвинител Неама Рахмани, пишува „Дејли мејл“.

Во своите мемоари „Spara“, принцот „призна“ дека користел кокаин, марихуана и халуциногени печурки. Конзервативната тинк-тенк „Херитиџ фондација“ од Вашингтон се обидува да открие дали принцот Хари изјавил дека се дрогирал при поднесувањето на барањето за виза, а се обидуваат да ја најдат и целата кореспонденција меѓу американските функционери и британскиот принц.

Американските закони се многу строги кога станува збор за лажење на службениците за имиграција, а лицето кое е фатено како лаже може да биде депортирано и да му се ускрати можноста да аплицира за американско државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e