Цеца проговори за деновите минати во затвор: И затворот е за луѓе

Српската пејачка, Светлана Ражнатовиќ Цеца вели дека никогаш нема да ја заборави 2003 година и месецот март кога заврши во затвор. Таа беше една од уапсените во акцијата „Сабја“, а на 17 март беше уапсена и осудена на затворска казна.

Тогаш само мислев на моите деца. Моите родители успеаа да ги чуваат моите деца подалеку од медиумите за да не читаат разно разни глупости за својата мајка. Тие со години подоцна мислеа дека тие 121 ден во затвор јас бев на турнеја во Америка, изјавила Цеца за српските медиуми.

Иако после три месеци беше пуштена на слобода, таа вели дека престој во затвор и паднал многу тешко.

Триесет дена бев сосема сама, без право на посета, адвокати и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите, во келијата имаше кревет, маса и клупа. Кога влегов, на ѕидовите беа испишани моите песни, си помислив „Боже каква иронија“!, додава Цеца.

Таа раскажала и за својата прва ноќ помината зад решетки.

Првата ноќ беше страшна, не можев око да склопам и плачев. После еден месец добив цимерка и ми беше многу полесно. Можев со некој да зборувам и плачам, вели пејачката.

И затворот е за луѓе. Тоа што го преживеав е реалност и немам намера да плачам, така е како што е, додала Цеца во интервју за српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e