Бред Пит е вљубен по шест години од разводот со Анџелина Џоли

Бред Пит повторно е вљубен шест години по разделбата со актерката Анџелина Џоли, пишува Daily Mail.

Тој наводно почнал да се гледа со нова жена, но сè уште не бил подготвен за врска.

„Тие се забавуваат, но нивната врска се уште не е сериозна“, изјавил извор близок на актерот.

Инаку, по разводот со Анџелина, Бред беше поврзуван со полската манекенка Никол Потур, со која наводно се забавувал неколку месеци. Претходно беше во брак со Џенифер Анистон, а имаше неуспешна свршувачка со Гвинет Палтроу.

Бред и Анџелина беа заедно 11 години, од кои две години во брак. Во 2016 година објавија дека се разделуваат. Три години подоцна тие официјално се разведоа, но нивната правна битка за старателството над децата продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e