Биле родени здрави, го грешката на медицинската сестра била фатална – Приказната за Саша и Дејан Матиќ

Најпознатите близнаци на регионална музичката сцена, Саша и Дејан Матиќ се родени на 26 април 1978 година во Дрвар. Бременоста на нивната мајка Драгица се одвивала без проблеми, се’ до шестиот месец кога се породила предвреме.

Момчињата биле префрлени во загрепската болница и сместени во инкубатор. Иако и двајцата денес не сакаат да зборуваат за тоа, постои приказна дека на свет дошле како здрави бебиња, но грешката на медицинската сестра довела до фатален исход – губење на видот.

Тоа е невнимание. Сега, кој, како… не навлегував во детали и не поставував прашања. Дали е доктор, дали е медицинска сестра, не навлегував во тоа. Тоа беше предвремено породување. А дали беше невнимание, беше, откри во една пригода Дејан Матиќ.

Се шпекулираше дека постоела можност на пејачите да им се врати видот хируршки, но поголеми шанси имал Саша, кој во знак на солидарност со својот брат, ја одбил операцијата.

Ма, тоа е глупост. Сакаа да направат некои експерименти врз нас. Родителите не дозволија, а ни ние. Колку не ми се допаѓа што со години се зборува за тоа немаш поим! Двете најлоши теми, кои најмалку ми се допаѓаат се: дали сум во расправија со брат ми и што се случило со мојот вид, призна Саша Матиќ.

Како и да е, тоа што се слепи на популарните браќа не им пречеше во животот. Тие стасаа подалеку отколку што некој можеше да замисли. И Саша и Дејан можат да се пофалат со завидна кариера, а успеси постигнаа и на приватен план. Саша е во брак дваесет години и ужива во воспитувањето на своите две ќерки со сопругата Ангелија. Што се однесува до Дејан, тој се ожени во 2012 година и има два сина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e