Бијонсе со најмногу Греми награди на сите времиња

Музичката ѕвезда Бијонсе на синоќешното доделување на наградите го собори рекордот на Греми, за најмногу освоени награди во кариерата, но повторно загуби во престижната категорија за албум на годината, од британскиот пејач Хари Стајлс.

Бијонсе освои четири Греми, вклучувајќи и за најдобар денс/електронски албум, со што во својата кариера вкупно освоила 32. Рекордот со 31 трофеј досега го држеше починатиот диригент на класична музика Георг Солти.

И покрај успехот низ годините, 41-годишната Бијонсе никогаш не освоила награда за најдобар албум. Хари Стајлс ја доби таа престижна награда за албумот „Harry’s House“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e