Бајага откри детали за разводот по 33 години брак

Момчило Бајагиќ Бајага на новинарите им потврди дека се развел по 33 години брак.

Музичарот за новинарите на Аваз изјавил дека разводот се случил многу пред медиумите да дознаат за тоа.

„Никогаш не зборував за мојот приватен живот… А, гледате, разводот беше пред повеќе од година и пол, а дури сега се дозна. Тоа беше многу одамна за да се сеќавам“, изјавил Бајага.

Медиумите кон средината на јули објавија дека бракот на Бајага со Емилија е завршен по 33 години. Последен пат тие биле видени заедно во јавност во 2019 година, но многумина тоа го припишуваат на фактот дека ја чувале својата приватност во текот на нивниот брак.

Заедно го имаат синот Марко и ќерката Анѓелка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e