Анџелина Џоли планира да стане мајка по седми пат

Откако се разведе од актерот Бред Пит, медиумите шпекулираа многу за приватниот живот на Анџелина Џоли.

Речиси секојдневно ја поврзуваа со бројни мажи и жени, но таа не се огласуваше на ваквите гласини ниту беше видена со некој во јавноста. Како што пишуваат американските медиуми, љубовниот аспект од нејзиниот приватен живот сега не е на првото место, туку Џоли сака нешто сосема друго.

Актерката, наводно, планирала “во еден момент да посвои најмалку уште едно дете додека била со Бред Пит, но тој ѝ кажал дека шест деца се доволно”.

“Тогаш морала да се сложи, но сега може да прави што и да посака”, истакнал извор близок до Анџелина за “Globe”.

Тој додал дека актерката планира да ги искористи своите контакти во Обединетите нации за да избегне бирократски потешкотии, а ваквата вест се појавила откако било објавено дека Анџелина сака нов правец во животот бидејќи Холивуд повеќе не ја привлекува како порано.

“Државите на нејзиниот список се Кина, Сирија, Етиопија и други делови на Африка”, вели изворот. “Всушност, планира да посети што повеќе сиропиталишта на светот сè додека не го сретне златното дете од своите сништа”.

Џоли покрај тоа се надева и дека наскоро ќе се пресели во Европа, а неодамна во едно интервју се пожалила дека мора да живее таму каде што таткото на нејзините деца ќе одбере да живее.

“Моето омилено место е она на кое сè уште не сум била. Сакам да се најдам во нешто ново. Обожувам кога сум надвор од елемент, сакам моите деца да пораснат во светот, а не само да учат за него. Сакам да го проживеат и да имаат пријатели ширум планетата”, истакнала убавата Анџелина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e