Ана Николиќ оди на детокс програма која чини 50.000 евра

Популарната Ана Николиќ наводно ќе оди на детоксикација во позната клиника во Австрија, за што искеширала 50.000 евра, пишуваат локалните медиуми.

Ана Николиќ наводно се одлучила на овој чекор за да биде во најдобра можна форма за белградскиот концерт, кој го најавува од минатата година, а ќе го одржи наесен.
Николиќ е позната по своите испади во јавноста, но и на социјалните мрежи, каде што често води „војни“ со хејтерите.

Не дозволувам никој да ме злоупотребува! Во состојба сум да се расправам со хејтерите по три часа на ден – рече таа еднаш.

-Се исипувам кога некој ќе спомне дрога! – заклучи таа за „Информер“ и откри какви пораки добива.

Најмногу ми пишуваат: „Ти си алкохоличарка“, „Дебела си“, „Преслаба си“… Кога некој ќе претера, ги блокирам – речеАна, во свој стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e