Ален Исламовиќ ги раскажа последните моменти од животот на кошаркарската легенда Буштур

Што ти е животот! Отиде човекот, како да неразговаравме лежерно и се шегуваме минатата вечер. Не можам да верувам дека го нема повеќе нашиот Буштур, вели Ален Исламовиќ, кој со игра на судбината, беше меѓу последните луѓе што имаа шанса да разговараат со кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур, кој загина само половина час откако се збогуваше со популарниот пејач, пишува Јутарњи Лист.

-Имав чест да го познавам Буштур околу една година, а прв пат се сретнавме на средба кај градоначалникот на Скопје. Веднаш најдовме заеднички јазик, а јас од тогаш секогаш му се јавував кога ќе дојдев да работам во Македонија. Така беше во средата. Патував со моите деловни партнери во Македонија за да ја презентирам фирмата ECO Water, а откако го завршив деловниот дел се јавив, нормално, на Буштур. Тој веднаш рече „Ален, ајде да одиме на вечера“, но ја одбив поканата затоа што веќе ручав со македонските бизнисмени, па се согласив со Буштур да се најдеме на пијачка. Бевме заедно од 9.30 до 10.30 часот. Ќе бевме и подолго, јасно, сега ми е јажал што не останавме, но сакав да отспијам барем малку пред да се вратам во Загреб. Се договоривме дека мора да се сретнеме кога ќе дојдам во Скопје следниот пат, но таква средба никогаш повеќе нема да има. Не можам да верувам дека последен пат се сретнавме вчера. Тој беше легенда, великан на кошаркарскиот свет и, пред сè, голем човек, вели Исламовиќ, кој дознал за смртта на неговиот пријател околу 3 часот наутро.

-Заеднички познаник нè возеше на аеродромот кога ме праша дали слушнав за трагедијата. „Го нема веќе Буштур, умре, го нема! “. Мислев дека се шегува, но кога сфатив дека е вистина, вели Исламовиќ.

Музичарот, сепак, додава дека не му се јасни околностите на трагедијата.

-Буштур не консумираше алкохол вечерта. Ние пиевме шприцер, тој пиеше кафе и минерална вода, така што сите приказни за некаков алкохолизам како причина за несреќата паѓаат во вода. Мене, онака човечки, ми падна на памет дека можеби му откажало срцето. Па си мислам, тој сигурно не ни возел брзо, нешто мора да му се случило за да ја изгуби контролата врз возењето. Како и да е, ова е една ужасна трагедија. Нека му е вечна славата и големо и искрено сочувство до неговото семејство. Тој ќе остане во моето срце засекогаш, вели Исламовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e