Ал Пачино се сопна и падна на црвениот тепих

Некогаш со себе носиш придружба за да не бидеш соло, некогаш за да те разубави, а понекогаш за да те дигне од подот, се пожегуваа обожавателите на друштвените мрежи после гафот на црвениот тепих на доделувањето на БАФТА наградите. Посебна точка имаше актерот Ал Пачино (78) кој пристигнал со израелската колешка и пејачка Меитал Дохан (39) со која е во врска уште од септември минатата година.

Токму таа го „спаси“ кога тој се сопна на црвениот тепих, додека се качуваше по скалите и многу брзо заврши на нос. Дупло помладата девојка му пружи рака, а за помош се понудија и други колеги кои му помогнаа на актерот да се врати на нозе.
al-pachino-pad„Не е забавно доколку некој не се распадне на тепихот. Овој пат тоа беше Пачино“, коментираа обожавателите на друштвените мрежи.

Гласините за врската на Меитал и Пачино започнаа да кружат уште минатата година.

„Прво се трудеа нивната врска да остане многу приватна, но сега веќе не се трудат тоа да е тајна“, истакнал пријател на Пачино. Меитал е најпозната по улогата во хумористичната серија „Weeds“ и ја има напишано книгата „Love and other bad habits“. Таа исто така ја има објавено и песната „On Ya“ со пејачот Сеан Кингстон (28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e