Адел, со солзи во очите, наградата Греми му ја посвети на синот

Овој прв стих го напишав под туш кога решив да го променам животот на мојот син, објасни пејачката и додаде дека нејзиниот десетгодишен син Ангел отсекогаш бил скромен, љубезен и полн со љубов кон неа.

Британската пејачка Адел (34) ја освои Греми за најдобра соло изведба „Easy on Me“ во неделата вечерта во Лос Анџелес. Таа оваа престижна награда му ја посвети на својот син, за кого плачеше.

-Навистина со нетрпение чекав да дојдам овде вечерва – рекла Адел плачејќи откако актерот Двејн Џонсон (50) ја покани на сцената.

-Само ова сакам да му го посветам на мојот син, Анџело – додаде таа. Тогаш пејачката откри дека нејзиниот партнер ја советувал да не плаче доколку ја добие наградата.

– И еве јас плачам – рекла Адел и се загледала во синот Анџело (10).

-Овој прв стих го напишав под туш кога решив да му го променам животот на син ми – објасни таа и додаде:

– Цело време беше само скромен, љубезен и полн со љубов кон мене.

Заедно со Адел, номинирани беа Бед Бани, Доја Кат, Стив Ласи, Лизо и Хари Стајлс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e