Аца Лукас „удри“ по Лепа Брена – Ја обвини дека пее на плејбек и плаќа новинари

Аца Лукас „удри“ по Лепа Брена. Имено, иако и двајцата одржаа успешни концерти во Белград во рамки на фестивалот „Music Week“, фолкерот револтиран од тоа што настапот на Брена наводно бил медиумски подобро проследен решил да ја навреди постарата колешка и го омаловажил нејзиниот настап.

Ви благодарам на прекрасната атмосфера, емоциите и заедничкото уживање во музиката и добриот провод. Медиумите и платените новинари можат само да ми „плукнат“ под прозорец и да ѕиркате под смрдливиот задник на оној кој ви платил за да пишувате за „посраниот“ настап како за некој спектакл проследен со гадна пиротехника во фул плејбек изведување. Беше прекрасно! Ми требаше пола час за да го разбудам Ушќе кое се поклонува на сите. Настапував и јас, само да ви кажам. До душа, без огноменти и циркус. Ние повеќе свиревме и пеевме. Огнометите ги оставивме за „артистите“. Плаќај ги медиумите да те туркаат, а јас вака ќе се борам против тебе, истрошена една. Ништо не ми можеш, ниту ти, ниту било кој од вашите естрадни пиуни, стои во постот на Лукас преку кој директно и се обраќа на Брена.

Пејачката се уште се нема огласено по повод овие обвинувања од страна на бившиот пријател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e