Српскиот фолкер Аца Лукас доживеа сообраќајна несреќа во близина на стадионот Маракана. Според негово сведоштво, му излегол човек на сред улица и за да избегне удар во него, автомобилот удрил на спротивната страна.
За среќа повредени нема.
„Добро сум, ништо страшно, најобичен судар. Ми излета човек сред улица, па да не го удрев директно, мојот лев крај удри во неговиот десен. Нема повредени, направен е увид, и еве ме дома. Обично чукање“, изјавил Лукас.