Џони Деп повторно сингл, на танчерката и сметала преголемата јавна експонираност

Обвинувањата на сметка на актерот Џони Деп (56) од страна на неговата поранешна сопруга актерката Амбер Херд (33), се уште се гласни. Поради тоа актерот постојано е под будното око на јавноста. Целата таа експонираност и здосадила на неговата досегашна девојка, го-го танчерката Полина Глен (24). Таа си ги спакувала своите работи и се отселила од нивниот заеднички дом во Лос Анџелес, пишува Daily Mail.

Глен го оставила Деп и побегнала од Лос Анџелес во родниот Санкт Петербург, бидејќи целото медиумско внимание на Деп и сметало и сакала да се отргне од сето тоа.

Деп и Глен прв пат биле поврзувани заедно во 2017 година, истата година кога Деп го финализираше разводот од Амбер, но неговата правна битка со поранешната сопруга допрва почнуваше, па Деп се опоравуваше во друштво на танчерката.

Имено, Херд во обвинувањата навела дека Деп физички и психички ја малтретирал, односно ја тепал, влечел за коса и тоа особено кога ќе се напиел. Актерот ги негираше обвинувањата. Исто така, ја тужеше Херд за клевета, но таа не се откажа и наведеуште повеќе детали за малтретирањата.

– Цела ноќ пиеше и се дрогираше. Наутро кога ќе се разбудев почнуваше да ме малтретира. Тој ден ме удираше повеќе пати, ме плукаше, фрлаше шишиња по мене… се плашев за својот живот – рекла актерката во долготрајното и мачно сведочење.

Сега Херд и нејзиниот тим инсистираат судот да установи дали Деп бил насилен и порано.

Херд се разведе од Деп по една година брак и пет години врска. По поднесувањето на барање за развод, таа доби и привремена судска заштита од него. Како причина за разводот било наведено „ненадминливи разлики“, а според нејзините зборови, насилството кулминирало кога Деп и го фрлил телефонот во нејзиното лице и искршил неколку работи во нејзиниот стан.

Неговата тогаш, нова девојка, брзо се вселила во неговиот дом, а планирале и да се венчаат, но по целото медиумско внимание Глен се уплашила и сакала да се отргне од сето тоа,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ