Косово: Усогласен договорот за заедничка Влада

Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска по состанокот истакнаа дека постигнале согласност за содржината и принципите на договорот за заедничко владеење.

Во заедничкото соопштение на двете партии се посочува дека на состанокот, одржан во седиштето на ЛДК, се разгледани главните политички теми за клучните реформи кои ја очекуваат новата влада.

„На средбата беа разгледани главните политички теми и клучните секторски реформи кои ја очекуваат новата Влада. Страните се согласија за интензивирање на состаноците и договорија наредна средба за в среда (23 октомври) во 15 часот заради конкретизирање на денешните заклучоци“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ