Наташа Беквалац од првиот момент кога се појави, до денес важи за една од најубавите пејачки на балканската сцена.
Таа титула Беквалац никогаш не ја изгуби, бидејќи се труди секогаш да е во форма и беспрекорно скоцкана од глава до пети. Периодов Наташа особено многу вложува во нејзиниот изглед и здравје.
Позната е по тоа што е искрена кон своите фанови, па на социјалните мрежи редовно објавува за нејзините животни борби. Неодамна успеа да ги остави цигарите, па сподели дека има неколку килограми повеќе, и на крајот дека успеала да ги симне, по што, за доказ приложи фотографија во пешкир во домашна атмосфера. Позитивни коментари се нижеа еден по друг, еве како тоа изгледаше.