Зоран Заев на Ципрас му ја подари својата вратоврска

Во чест на потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција со кој се става крај на две и пол деценискиот спор за името, премиерот Зоран Заев ја подари својата вратовска на својот грчки колега Ципрас.

Постапката на Зоран Заев следуваше веднаш штом се доближи до премиерот на Грција, Алексис Ципрас, кога го виде дека е без вратоврска. Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан ја презеде вратоврската и ја стави како „марамче“ во костумот на Ципрас.

Реакцијата на сите присутни беше позитивна и на некој начин претставуваше добар потег кон односот со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e