ЗАСЕАНО Е СЕМЕТО НА ИНКЛУЗИВНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ЗА СИТЕ!

На патот кон ЕУ, покрај тоа што мора да доживееме и индивидуална и општествена трансформација на сите нивоа, без никаква двојба мора успешно да научиме да ги препознаваме и усвојуваме демократските и европските вредности, а сето тоа во рамки на еден хоризонтален приоритет на Унијата, односно инклузијата.

Впрочем, како очекуваме да бидеме прифатени од страна на европското семејство, ако не научиме и самите да прифаќаме?!

Како да бидеме вклучени во европските процеси, ако не научиме и самите да бидеме отворени и инклузивни?!

И додека секојдневно и насекаде само слушаме за овие процеси, се чини дека секторот земјоделство е пионер во разбирањето на овој концепт кој преку своите мерки и кампањи ни докажува дека секој е важен.

Во концептот на инклузивното земјоделство секоја алка е важна, секој чинител во општеството има уникатна улога, нема субјекти без потенцијал, има само субјекти кои се заспани, пасивни или обесхрабрени од претходни лоши практики и таквиот потенцијал останува заклучен и неискористен.

Она што е очигледно е дека Министерството за земјоделство сериозно го прифати овој предизвик и навлезе во една приказна во која се обезбедуваат еднаков и правичен пристап и можности за сите членови на општеството без оглед на нивниот социјален, економски, родов или каков било друг статус, со особен фокус на младите, жените и “малите”.

  • Во време кога се обидуваме да ја смениме перцепцијата дека земјоделството е доминантно машка професија, реалноста е дека само една третина од вкупниот број вклучени луѓе во овој сектор се од женски пол. Пропорционално на тоа, поразително е и нивното учество во процесите на одлучување. Македонскиот земјоделски сектор им пркоси на овие трендови со преземање конкретни чекори преку кои жената е видлива и поддржана, континуирано се промовираат успешни приказни, а за првпат се реализираше и мерката бизнис план за регистрирани земјоделци каде беа склучени договори со 115 жени земјоделки за модернизација во износ од 10 000 евра.

nikolovski

  • Во европски рамки, нешто повеќе од 5% од европските фарми се водени од фармери кои се помлади од 35 години, а во исто време е јасно дека професијата незапирливо старее и повеќе од една третина од сите фармери се на возраст над 65 години. Овие факти основано даваат повод за загриженост за иднината на европското земјоделство и производството на храна. Само во последната година, во нашата држава, 121 регистриран млад земјоделец склучи договор за модернизација во износ од 10 000 евра, а иницирана е постапка за формирање Сојуз на млади фармери.

young-farmer-with-crop-c-shutterstock-1

  • Малите производители, малите бизниси, малите винарии и дестилерии конечно го добиваат потребното внимание и конкретна финансиска поддршка со цел да се гарантира инклузија, еднаков пристап и отворање нови можности токму на оние на кои најмногу им е потребно – на “малите” субјекти.

semejni_vinarii2-1200x800

Инклузивната револуција започна, инклузивното земјоделство го отвора патот кон безбедна, просперитетна, правична и одржлива европска иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e