Законот важи за сите: Приведен советник на градоначалникот на Шуто Оризари

Во полициска станица е приведен С.М., вработен како советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, дознава неофицијално Телма.

Полициски извори потврдуваат дека советникот е приведен откако добиле пријава за барање поткуп. Од МВР официјално не соопштуваат детали за истрагата.

Советникот барал мито за легализација на куќа, а парите кои ги побарал му биле дадени. Претходно парите биле обележани. Веднаш по приведувањето и советникот и парите се однесени во скопска полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e