Заев за самитот Охрид: Договор за подобар Западен Балкан

„Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион“, пишува премиерот Зоран Заев утрово на Фејсбук.

„Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан:

„Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“, додава Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e