Заев за Груевски: Верувам дека многу брзо ќе го доживееме моментот кога ќе си ја отслужи казната

Никој не може да избега од казната и од својата одговорност, па вклучително и Никола Груевски, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоцијата на Граматиката на современ ромски јазик.

-Светот е глобално село. Никој не може да избега од казната и од својата одговорност. Јас верувам дека многу брзо ќе го доживееме моментот кога секој ќе си ја отслужи казната, така и Никола Груевски, изјави Заев.

Груевски, како што рече премиерот Заев, беше слободен граѓанин се до моментот додека судот не издаде наредба за негово донесување за издржување на казната, но два дена претходно тој ја напушти државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e