Заев за Алсат: Избори во јуни, доволно е 21 ден по крајот на вонредната состојба

Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, средината на јуни е идеално време за предвремени парламентарни избори. Во зависност од пандемијата, според него, политичките лидери треба да разговараат за датумот на изборите, но наведе дека избори треба да се одржат пред земјата да се соочи со втора здравствена криза. Заев вели дека изборите не се приоритет, но оти Владата и функционален Парламент се потребни за да се справуваат со кризата. Но, лидерот на СДСМ вели дека не се оди на избори без консензус.

Говорејќи за законските рокови што и се потребни на ДИК за подготовка на изборниот процес, Заев додаде дека 21 ден се доволни по завршувањето на вонредната состојба, додавајќи дека ажурирањето на избирачкиот список може да се случи дури и додека е во сила вонредната состојба.

Во случај да има втора здравствена криза, земјата мора да излезе на гласање до 11 декември, затоа што тогаш завршува уставниот мандат на Владата. Во меѓувреме, Христијан Мицкоски, кој пред неколку дена соопшти дека ја очекува одлуката на Уставниот суд за да се произнесе за предвремените избори, сега ќе чека епилог од лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.

И албанските политички партии се согласуваат дека за датумот на изборите треба да има консензус, но и оти здравствената криза мора да се надмине.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e