Заев за 360 степени: Одлуката од ЕУ ќе ја носам како нова лузна, по онаа од 27-ми април

Премиерот Зоран заев во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ рече дека негативната одлука од Брисел ќе ја носи како нова лузна како што ја носи онаа од непријатните настани во Собранието од 27-ми април.

„Очекувавме ЕУ да ги исполни своите ветувања. Направија историска грешка. Нашата земја помина низ сериозни реформи, а тоа го покажуваат и договорите со соседите. Со Преспанскиот договор го решивме тридеценискиот проблем, но тоа беше и во насока на нашата перспектива во ЕУ. Тешко и болно е за сите нас“ – рече Заев.

Заев појасни дека иако сите зборувале за Франција тој верувал дека реформите во земјата дополнително би можеле да се направат паралелно со промената на методологијата на ЕУ.

„Имавме комлетно ветување од сите. Драго ми е што лидерите на сите 27 членки потврдија дека сме успешни и дека сега проблемот е во ЕУ“ – рече Заев.

„Причината треба да ни биде јасна на сите – дека не е до нас.Сите ја посочија нашата земја во позитивно светло. Суштината беше во  дебатата во ЕУ, меѓудругото тие не можеа да се договорат и за претседател на Комисијата.“ – појаснува Заев.

Премиерот на Северна Македонија откри дека во вторник, на покана на италијанскиот премиер Конте, патува во Италија каде ќе се дебатира за прашањето за враќање на темата со ЕУ и Северна Македонија посочувајќи дека Италија е голем пријател на земјава. Исто така Заев рече дека очекува датумот за почеток на преговорите да се најде на дневниот ред на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 7-мај следната година во Загреб.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e